Суперкласико: Ривер Плата слави на „Бомбонера“

110

Фудбалерите на Ривер Плата со 2:0 славеа на гости кај големиот ривал Бока Јуниорс во популарното аргентинско Суперкласико во рамките на 7. коло од аргентинскиот шампионат.

Гостите одиграа подобар меч и на крајот сосема заслужено славеа. Отворија со голот на Рондон во 41. минута, а точка на победата во 96. минута стави Диаз.

Со оваа победа Ривер Плата стигна до четвртата победа во групата А, додека Бока Јуниорс со само две победи по седум одиграни меча ја продолжи кризата која го спушти до 10. место во групата Б.

ПретходноЃорче Петров со втора победа го потврди местото во 1/16-финалето на Европскиот куп
СледноМурињо: Летово одбив една луда понуда и не мислам туку така да си одам од Рома