Екипата на Манчестер Јунајтед вчера на домашен терен доживеа шокирашки пораз од тимот на Кристал Палас. Конечните 0:1, одекуваат во јавноста како сериозен дебакл, што и во суштина е, а менаџерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг е „распнат“ од страна на медиумите на Островот. Јунајтред има четири порази на стартот на сезоната, нешто што не е видено во историјата на клубот од Олд Трафорд.
„Многу е едноставно, ни направија три шанси во текот на целиот натпревар, сите затоа што бевме во статични ситуации. Потоа влеговме во добри шанси за нас, но донесовме погрешни одлуки кога имавме слободни играчи. Не успеавме да го создадеме потребниот притисок. Квалитетот на нашата игра едноставно не беше доволно добар во тој дел од играта. Не дадовме се од себе, што е разочарувачки. Бевме блиску многу пати, но мора да бидете ефективни во овие ситуации, се се сведува на одлучување. Не можеме да го промениме резултатот, само треба да научиме како да бидеме подобро во последната третина“, изјави Тен Хаг по мечот.