Форест и Брентфорд си поделија по бод

40

 

Нотингем Форест и Брентфорд одиграа 1:1 на „Сити граунд“ во меч од 7.коло на Премиер лигата. „Шумарите“ од 57 минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ниакате (втор жолт картон), а веднаш потоа Норгард го доведе Брентфорд во водство.

Во 65 минута на нафрлување на Тофоло, одлично со глава реагираше Нико Домингез и го изедначи резултатот.

За Нотингем ова е второ реми сезонава, а има осум бода, додека за Брентфорд е четврто реми за 7 бода на табелата. Брентфорд веќе пет меча не знае за победа.

ПретходноГеоргиевски освои злато на Г1 во Тирана, сега е поблиску до ОИ во Париз!
СледноАлександар Васоски: Добро е што освоивме бод, но Вардар можеше и да победи во Штип!