Хорхе Мартин најбрз во Јапонија

70

Хорхе Мартин возачот на Прамак Дукати е победник на трката за Големата награда на Јапонија. Поради лошите услови на патеката, трката траеше само 12 круга.

Мартин оствари двојна победа во Јапонија, по победата во спринт-трката. На подиумот се најдоа уште Франческо Бањаја од Дукати и Марк Маркез од Репсол Хонда.

Во поредокот во Топ 10 се најдоа уште Марко Бецеки, Алеш Еспаргаро, Џек Милер, Аугусто Фернандез, Фабио Ди Џанантонио, Раул Фернандез и Фабио Квартараро.

Во генералниот пласман е прв Бањаја со 319 бодови, по што го следи Мартин со 316, а трет е Бецеки со 265 бода.

Следната трка во Мото ГП шампионатот се вози во Индонезија.

ПретходноБаерн го враќа Жером Боатенг во клубот
СледноИвановски заврши трет на маратонот, но не успеа да обезбеди норма за Париз (ФОТО)