Со втора убедлива победа, македонскиот ракометен првак во женска конкуренција, Ѓорче Петров го потврди местото меѓи 32-те најдобри екипи во ЕХФ Европскиот куп. По убедливата победа на првиот меч во Скопје од 21 гол-разлика, ѓорчепетровки ја потврдија класата и на дуелот во Тиват против црногорскиот состав победувајќи го на гости со 24:29.
Ризоска со 7 погодоци беше најефикасна кај нашиот тим, а одлично издание имаа и Јанкуловска со 5 и Коларовска со 4 гола.