Гостивар тргна победнички, Пелистер не го преживеа „Младост“

146

Како и што се очекуваше, Гостивар и Пелитсер одиграа неизвесен натпревар, а победата ја однесе домашниот состав. Бодрен од своите фанови во „Младост“, гостиварци беа подобри од битолчани со 75-68.

Гостите по првата четвртина имаа минимална предност од 16-18, но домаќинот брзо се врати во вистинската патека, па веќе од средината на вториот период фати ритам, со серија од 6-0 дојде на плус осум пред полувремето (41-33), а веќе по одморот ја запиша и првата двоцифрена предност (45-35).

Најголемата изнесуваше 11 поени, ја имаше на двапати во третата четвртина (48-37 и 51-40). Битолчани се обидуваа да се вратат на оваа средба, најмногу што стигнаа беше минус четири поени, на крајот Гостивар заслужено се радуваше на победата.

Инграм постигна 18 поени кај домаќинот, зад него беа Митевски со 15 поени и 11 скока, како и Остен со исто 15 поени. Во редовите на Пелистер, Маслинко имаше 18 поени, додека Бернард 16.

ПретходноБутел Скопје сигурен, Голден Арт имаше сили за едно полувреме
СледноТрајковски асистира, Хајдук слави на дербито со Динамо (З) (ВИДЕО)