Интер синоќа ја заработи многу потребната победа на гостувањето кај Салернитана со фантастичната изведба на Лаутаро Мартинез кој влегувајќи од клупата за половина час постигна четири гола и поставувајќи ги конечните 0:4 на семафорот.
Тоа секако на тренерот Симоне Инзаги и тоа како му се допадна со назнака дека Интер на овој начин е лидер на табелата.
„Ова е многу важна победа. Создадовме многу шанси во првото полувреме кои требаше да ги реализираме. Подобро се справивме со топката во вториот дел. Имавме само ден и пол да се подготвиме за овој натпревар, момците се трудеа многу, но не можевме подобро во првото полувреме. Сепак, тимот секогаш ја одржува формата. Откако го откривме резултатот, стана полесно. Очекувавме Салернитана да игра дефанзивно и не изненадија. Сепак, имаме искусни играчи кои знаат да се прилагодат. Утврдивме неколку работи за време на паузата и ги подобривме“, изјави Инзаги.