Во моментов се игра мега – дербито на „Пољуд“ во Сплит меѓу Хајдук и Динамо. Александар Трајковски и Аријан Адеми мечот го започнаа од клупите и се очекува во второто полувреме да влезат во игра за Хајдук и Динамо.
Инаку на “Пољуд“ е лудница, спектакл, има најмалку 33.000 гледачи а она што го направи “Торцида“ е, тоа е за ежење што се вели.
Низ фотографијата на хрватски “Индекс“ се гледа досега невидена кореографија која ја направија фановите на Хајдук.
Вистинско уживање.
ФОТО: Index.hr