Со трите гола на Рикардо Орсолини екипата на Болоња славеше победа над Емполи со 3:0 во 7.коло на италијанската Серија А. Тоа е негов прв хет-трик во кариерата во најсилната италијанска лига, а Болоња ја запиша втората победа односно стигна до 10 бодови на табелата.
Орсолини првиот го постигна во 21 минута, а другите во 66. односно 91. минута. Последен фудбалер на Болоња кој постигнал хет-трик во Серија А бил Родриго Паласио против Фиорентина во мај 2021 година, а последен италијански играч на Болоња со хет-трик бил Марко Ди Вајо уште од март 2009 година.
Орсолини на мечот со Емполи имаше 67 допири со топката, четири удари на голот од кои три завршија во мрежата. Така го повтори ефектот на Ди Вајо.