Спектакл во Штип: Брегалница VS Вардар, дуел за фудбалско уживање!

402

По Струмица, Охрид и Кавадарци, сега и Штип е на нозе. Денеска во градот под Исарот доаѓа Вардар. Иако е последен на табелата, сепак Вардар привлекува огромно внимание, а јасно е дека кога играат Брегалница и Вардар во Штип, кога на трибините ќе бидат и “Фалангата“и “Комитите“, тоа мора да биде спектакл.

Денеска сите патишта во Штип ќе водат кон стадионот, се очекува убава посета, тоа секако дека ќе биде меч за фудбалско уживање.

May be an image of 6 people, people playing soccer, fire, crowd and text

Јасно е дека “сините“ предводени од стратегот Горан Здравков ќе бидат во предност, дека се фаворити. Имаат подобар тим, знаат да одиграат на резултат, но и желба да се прекине лошата серија.

No description available.

Вардар пак оди да одигра најдобро што може, да освои барем бод, да покаже дека Вардар е Вардар. Дали ќе може? Е, тоа ќе видиме денеска од 14 со 16 часот.

Инаку досега овие две екипи одиграле 34 официјални меча во самостојна Македонија и замислете, Брегалница има само две победи.

Брегалница сонува да го победи Вардар веќе 13 години, последен пат тоа се случило на 16 октомври 2010 година, и тоа како гостин. Звучи неверојатно, но Брегалница никогаш не го победила Вардар како домаќин во Штип. Ако сметаме од 2004 година па наваму.

Можеби денеска е денот за тоа.

ПретходноТорцида направи фешта пред денешното мега дерби против Динамо (ВИДЕО)
СледноОбложувачки маки…. поништениот гол на Гакпо му зеде 9.500 фунти (ВИДЕО)