Боби Митев тргна победнички во Скопје, следна „мета“ е Работнички

437

Денеска и официјално стартуваше квалификацискиот турнир во Скопје за место во ФИБА Еврокупот. Работнички е организатор на една група, а во истата се најде и тимот на Сабах Баку, предводен од македонскиот стратег Боби Митев. Тој на првата средба славеше против холандски Гронинген со 72-75.

Следна задача за Митев и неговите играчи е токму Работнички, кој пак вечерва ќе ги одмери силите со романски Рапид Букурешт, дуелот е закажан во 20:30 часот.

Најтрофејниот кошаркарски колектив после шест години се врати на европската сцена, останува да видиме дали ќе успее да го освои првото место во групата.

ПретходноКоментар на 9.коло: Сите мислевме дека Брегалница лесно ќе победи, ама….Вардар си “лапна“ бод!
СледноРаул му откажал на Шалке 04