Централниот бек на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез нема да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот на 2023 година. Аргентинецот ќе прави операција на метатарзалната коска и тоа по вторпат за неколку месеци. Првиот пат направи во април. Тогаш тој отсуствуваше 11 недели. Се врати во пред сезоната и на подготовки и ги одигра првите четири меча во Премиер лигата.
Мартинез се повреди во дербито со Арсенал минатиот месец. Против Брајтон и против Баерн Минхен играше со инјекции, но тестирањата покажале дека метатарзалната коска не зараснала правилно. Поради тоа тој ќе мора пак да се оперира и да паузира три месеци.
Тренерот Ерик тен Хаг располага со централни бекови, здрави се Рафаел Варан, Виктор Линделоф, Џони Еванс и Хари Мегваер.