Пораз на стартот од Рапид, Работнички се распадна во последната четвртина (ФОТО)

287

Работнички со пораз го отвори квалификацискиот турнир во рамките на ФИБА Еврокупот на кој е домаќин. Најтрофејниот кошаркарски колектив е поразен од Рапид Букурешт со убедливи 57-87.

Избраниците на Димитар Мираковски распаднаа целосно во последната четвртина во која дадоа само два поени, а примија 21.

Трајс и Џелетовиќ беа единствените со двоцифрен учинок, постигнаа по 15 поени.

Романскиот состав го отвори мечот со 0-5, на другата страна со четири поени во низа за првпат и последен пат поведе (10-9). Серија од 6-0 му донесе на Рапид Букурешт позитива од шест поени 10-16, подоцна имаше и 13-19. Но, резултатската нишалка продолжи по првата четвртина беше 20-21. Нешто слична слика гледавме во следниот период, гостите држеа минимална контрола на дуелот, најголемата позитива ја имаа на стартот 20-26. Избраниците на Димитар Мираковски неколку пати израмнија, но не сторија ништо повеќе.Пред крајот на овој период дојде на 53-64, а потоа и на 55-66.

Иако негативата на одморот од 41-45 најавуваше нова неизвесна битка, сепак романскиот состав полека, но сигурно го градеше патот кон победата.

Работнички целосен колапс доживеа во последната четвртина кога го загуби здивот. Со серија од 19-0, Рапид целосно го урна отпорот на противникот и го реши мечот во своја корист, поведе со недостижни 57-87, ги казни сите грешки на македонскиот тим, кој заборави да поентира. Во овој период постигна само два поени.

Шанса за поправен „црвено-белите“ ќе имаа утре против тимот на Боби Митев, Сабах Баку.

ПретходноНов кошаркарски вундеркинд: 16-годишниот Сенегалец кој го урна рекордот на Лука Дончиќ
СледноАл-Итихад одби да игра во Иран поради статуа на контроверзен генерал поставена на стадионот