Ѓоковиќ се брка себеси, уште малку до 400!

1060

Новак Ѓоковиќ ја започна својата 373 недела на врвот на АТП листатата. Српскиот тенисер му остана да се надмине самиот себе си и да дојде до бројот 400, а до таму го делат уште седум недели.

Ѓоковиќ до крајот на годината игра во Париз, завршниот Мастерс во Торино и на Дејвис Купот. Карлос Алкараз, кој е втор на АТП-листата има шанса да го престигне. Шпанецот во моментов е во Пекинг и стигна до четвртфиналето, има 8.625 бодови, додека Ѓоковиќ има 11.545. И да победи во Пекинг, Алкараз ќе дојде до 9.030 бода.

Сепак следните турнири ќе бидат опасност за Ѓоковиќ, бидејќи младиот тенисер ќе игра во Шангај, Базел, Париз и Торино.

Што се однесува до Топ 10, зад нив двајца се Медведев, Руне, Циципас, Рубљев, Синер, Фрик, Руд и Зверев.

ПретходноКарим Бензема заврши во изолација!
СледноСе чини дека не е приближно добар тренер колку што беше како играч