Јане Николоски, некогашен наш истакнат репрезентативен голман а сегашен тренер, е нов шеф на стручниот штаб на Победа. Ова е одлука на раководството на прилепскиот второлигаш, кој вчера се раздели со додегашниот тренер Филип Мирчески.
Како што информираат локалните прилепски портали, Победа во Николоски гледа тренер со кој тимот ќе има подобри резултати.
Останува сега само да се сочека и официјалната промоција.