Баскет Кам го освои второто место на балканската премиера

36

Кошаркарките на Баскет Кам не успеаја да стигнат до првото место на премиерниот турнир од новоформираната женска Балканска лига. Во финалниот натпревар на турнирот во Требиње, екипата од Македонска Каменица загуби од домаќинот Леотар, со минимални (83:81).

Победникот беше решен на четири секунди пред крајот на мечот, кога при водство на Баскет Кам, (81:80), Кузмановиќ го погоди шутот за победа.

Претходно двете екипи се менуваа во водството, и ниту една од нив не нарави некоја посериозна предност. Барем не во првото полувреме, кое сепак го доби Леотар со (43:39).

Нашиот претставник доминираше во третиот квартал, во кој конечно успеа да се одвои, и да поведе со (62:57).

Но тоа се покажа како недоволно за конечна победа, затоа што екипата од Требиње имаше подобар финиш, во кој и со малку среќа, потребна за вакви натпревари, стигна до триумфот.

Адамовска беше прв стрелец на овој меч кај нашиот првак, даде 24. поени. Ја следеше Димова која испорача 21. поен, a пред да ја заработи петтата лична грешка, Кметовска запиша 15. поени.

ПретходноИсторија во фудбалот: Ова е моментот кога во игра влегува дете од 13 години! (ВИДЕО)
СледноЧовекот кој го урна Динамо: Кој е Емир Сахити? “Меси“ од Косово и некогашниот мега – талент на Работнички!