Поради настапот на нашата најдобра репрезентација во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024 против Украина во Прага на 14 октомври, натпреварите од 10.коло во ПМФЛ ќе се играат ден порано. Место во недела тие се закажани за в сабота.
Но сепак две средби ќе се играат во недела и тоа Вардар –Шкендија и Струга ТЛ – Силекс, и тоа со почеток од 14 часот.
Додека во сабота од 14 часот се играат натпреварите Брера –Гостивар, Воска – Македонија ЃП, Тиквеш – Шкупи и Брегалница – Работнички.
Инаку да напоменеме дека во среда (04.10.) во Тетово се игра натпреварот Шкендија – Струга ТЛ, меч од 2.коло кој тогаш беше откажан поради евро настапите на шампионот.