Перо Антиќ во 2001 година направи трансфер од Работнички во АЕК. Тогаш како млад, еден од нашите најдобри кошаркари во историјата и сегашен претседател на КФМ, ја почна својата блескава интернационална кариера.Играше и во НБА.
Сепак дека имало чудни работи во тој трансфер, говори Драган Шакота, познато тренерско име на Балканот и во Европа, кој тогаш беше во АЕК.
“Во тоа време бев на еден турнир во Грција, таму беше и Перо Антиќ. Бев фасциниран од неговите настапи, беше прв стрелец. Ми кажаа дека е роден 1984 година. Ја знаев таа генерција и помислив дека во таа генерација друг таков играч едноставно не постои. Веднаш разговарав со менаџерот на АЕК и лесно го купивме, за само 10.000 марки. Но кога дојде време да го регистрираме се виде, според неговиот пасош, дека Перо всушност официјално е повозрасен и дека е роден 1982 година а не 1984 година. Но и со тоа годиште ние го ангажиравме“ рече покрај другото Шакота.