Мурињо: Има многу причини за кошмарниот почеток

292

Рома ја запиша само втората победа сезонава во Серија А. Тимот на Жозе Мурињо со триумфот над Фросиноне од 2-0 се оддалечи од дното на табелата, а Португалецот го пофали тимот за карактерот што го покажа.

„Во првото полувреме дозволивме неколку шанси пред нашиот гол. Да не заборавиме дека во дефанзивната линија имавме среден бек. Успеавме затоа што бевме обединети и си помагавме. Сите помогнаа во одбрана. Ми се допаѓа кога тимот делува како еден. Фросиноне нема никаква врска со Серија Б. Ми се допаднаа и додека ги анализирав, покажаа дека се квалитетна екипа.

Никој не може да ме обвини што Лукаку не постигнува голови затоа што постојано постигнува голови. Тоа го прави за Рома, како во Манчестер Јунајтед и Интер. Како тренер, среќен сум што можам да се потпрам на него“, потенцираше португалскиот стручњак.

Португалскиот стручњак зборуваше и за неговата иднина во Рома, за тешкиот почеток оваа сезона.

„Пред три месеци бев сакан и потребен. Се појави паника од помислата дека можеби ќе заминам. Сега признавам дека почетокот на сезоната беше ужасен, но има многу причини. Знаев дека против Фросиноне ќе покажеме поинакво лице, без разлика дали ќе победиме или не. Не беше лесно да се реагира по тешкиот пораз против Џенова. Поддршката од навивачите ни помогна многу. Им благодарам. Некои момци беа под стрес, но симпатизерите не пречекаа по мечот со Џенова како да сме победиле.

Мојата иднина? Имам договор до 30 јуни и не сум загрижен. Тренерот мора да ги почитува сопствениците на клубот и да не коментира ништо. Работам за нив, за навивачите и за играчите“, додаде Мурињо.

ПретходноМарковски осум места нагоре, Ивановски и Србљак по едно надолу
СледноКарим Бензема заврши во изолација!