Нов кошаркарски вундеркинд: 16-годишниот Сенегалец кој го урна рекордот на Лука Дончиќ

782

Младиот Исмаила Диање стана најмладиот играч кој се појавил на една „Ел Класико“ кошаркарска пресметка меѓу лутите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона. Со 16 години, Диање кој е висок 214 см. беше 19 дена помлад од Лука Дончиќ на вчерашното дерби во дресот на Реал на првенствената пресметка со Барселона.

Реал Мадрид ја победи Барселона со 86-79 и води во шпанската лига со три победи во три одиграни натпревари. Диање го заврши натпреварот како еден од најистакнатите со девет поени и осум скока. Тој беше избран за стартер на натпреварот против Барселона и стана вториот најмлад спортист во историјата кој играл за главниот тим на Реал (М).

Диање е од Сенегал, а во Реал Мадрид пристигна на 13 години.

Претходно„Ел Паис“: УЕФА од 2027 година почнува со Суперлига каква што бараа најбогатите клубови!?
СледноПораз на стартот од Рапид, Работнички се распадна во последната четвртина (ФОТО)