Василис Спанулис, некогашниот грчки кошаркар, еден од најдобрите во историјата на таа земја, од денеска и официјално е нов селектор на Грција. Спанулис го наследи на тоа место Димитрис Итудис, кој со своите избраници на последниот Мундијал доживеа дебакл, Грција заврши на 15.место.
Некогашниот кошаркар на Олимпијакос и Панатинаикос, потпиша двегодишен договор со Кошаркарскиот сојуз на Грција. Инаку Спанулис повеќе од една деценија, од 2004 до 2015 беше дел од најдобрата кошаркарска репрезентација на Грција и со неа освои неколку медали на СП и ЕП.