Шкупи е во налет, Шкупи има четити од четири, а вчера чаирчани го победија и шампионот, тимот на Струга ТЛ, во супер дербито од 9.коло. Бразилецот Куевен не само што го постигна првиот гол за својот тим туку и одигра навистина квалитетно. Бразилецот покажа дека е играч за големи мечеви, тогаш тој е најдобар кога е најпотребно.Токму затоа според „СпортСпорт“, Куевен е играч
на колото.
Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и голманот Илјази, Илиески и Воша. Тука се и Мицевски од Вардар кој играше стопер и одигра одлично против Брегалница, потоа Цаке од Шкендија, Попзлатанов од Македонија ЃП, Мазари од Работнички, Ѓорѓиевски од Силекс, како и и Потук и Атиемвен од Гостивар.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ИНАЦИО ДА СИЛВА КУЕВЕН
Тим: Шкупи
Роден: 21.11.1998 во Бразил
Кариера: Мирасол, АД Гуарилос (БРА), Керкира (ГРЦ), Монте Азул, Маринга (БРА), Шкупи