По 4.коло “подновената“ и ребрендирана Академија Пандев, сега како Брера Струмица, беше хит. Четири победи во исто толку мечеви и се перчеше на врвот на табелата. Паѓаа Вардар, Воска, Струга ТЛ на гости и Тиквеш. Освоени беа максимални 12 бода.
И толку.
Од тогаш па наваму како да исчезна “италијанската“ магија на стратегот Џовани Валенти. Неговиот тим игра слабо, од можни 15 бода освоени се само два во изминатите пет кола.Постигнат е само еден гол, две ремија и три порази.
Последниот завчера во Ѓорче од Македонија ЃП со 0:1.
А самиот Валенти на тој саботен меч во немоќ ширеше раце.