Фудбалерите на Торино и Верона ремизираа со резултат 0:0, додека Монца како гостин го победи Сасуоло со 1:0 во последните натпревари од седмото коло во Серија А.
Торино беше домаќин на Верона и сакаше да забележи победа пред своите навивачи, но не беа доволно убедливи.
Во вториот вечерашен натпревар Монца го изненади Сасуоло како гостин и победи со 1:0. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Коломбо во 66. минута.
Сасуоло имаше повеќе шанси, но не успеа да дојде до бод.