Младиот Исмаила Диање стана најмладиот играч кој се појавил на една „Ел Класико“ кошаркарска пресметка меѓу лутите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона. Со 16 години, Диање кој е висок 214 см. беше 19 дена помлад од Лука Дончиќ на вчерашното дерби во дресот на Реал на првенствената пресметка со Барселона.
Реал Мадрид ја победи Барселона со 86-79 и води во шпанската лига со три победи во три одиграни натпревари. Диање го заврши натпреварот како еден од најистакнатите со девет поени и осум скока. Тој беше избран за стартер на натпреварот против Барселона и стана вториот најмлад спортист во историјата кој играл за главниот тим на Реал (М).
Диање е од Сенегал, а во Реал Мадрид пристигна на 13 години.
🤯16 AÑOS
¡QUÉ AUTÉNTICA LOCURA, ISMAILA DIAGNE!
📺 @MovistarPlus#LigaEndesa | @ismad0415 #ListosParaRomperla pic.twitter.com/zmJiJkgseJ
— Liga Endesa (@ACBCOM) October 1, 2023