Барселона на својата интернет страница објави дека го продолжила договорот со 16-годишниот напаѓач Ламине Јамал. Новиот договор е со важност до 30 јуни 2026 година што е максимална должина на соработка за играч на негови години според правилата на ФИФА. Клаузулата за раскин на договорот изнесува една милијарда евра.
Јамал дебитираше за Барса на 15 години, 9 месеци и 16 дена во април 2023 година што е најмладиот фудбалер на каталонскиот тим кој се појавил на терен на официјален меч.
Исто така Барселона објави нето профит од 304 милиони евра во сезоната 2022/23.