Работнички и Феникс, се двата македонски претставници кои ќе бидат дел од квалификациските турнири за место во ФИБА Еврокуп.
Најтрофејниот кошаркарски колектив после шест години се враќа на европска сцена, одлучи да го бара местото во една друга димензија на противници. Амбициите се високи, па раководството на клубот одлучи да биде домаќин на еден од турнирите кои од денеска до четврток ќе се играат.
Работнички се најде во групата А заедно со Донар Гронинген (Холандија), Рапид Букурешт (Романија) и Сабах од Азербејџан, предводен од македонскиот стратег, Боби Митев. Само победникот од овој турнир ќе обезбеди место за главната фаза.
На стартот избраниците на Димитар Мираковски ќе ги одмерат силите со романскиот состав, Рапид, а мечот е закажан со почеток во 20:30 часот.
Феникс својата евро-авантура ја почнуа утре, Скопскиот тим испрати пријава за учество во квалификациите на ова натпреварување, а ждрепката ги однесе „фениксовци“ на Кипар, каде во друштво на екипата-домаќин, Керавнос, и германскиот Рошток, кои се дел од групата „Е“, ќе се обиде да направи сензација и обезбеди место во главната натпреварувачка фаза во ФИБА Еврокупот.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „А“ – СКОПЈЕ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
2.ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
17.30: Донар – Сабах
20.30: Работнички – Рапид
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
17.30: Рапид – Донар
20.30: Сабах – Работнички
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
СЛОБОДЕН ДЕН
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
17.30: Рапид – Санах
20.30: Донар – Работнички
КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР – ГРУПА „Е“ – НИКОЗИЈА
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)
18.00: Керавнос – Феникс 2010
Рошток – слободен
4.ОКТОМВРИ (СРЕДА)
18.00: Феникс 2010 – Рошток
Керавнос – слободен
5.ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК)
18.00: Керавнос – Рошток
Феникс 2010 – слободен