Македонскиот интернационалец Александар Мишов го постигна единствениот гол во ремито на неговата Самтредија на гостувањето кај Телави во 28.коло на најсилното грузиско првенство.
Телави имаше водство на полувреме, а гостите изедначија преку голот на Мишов од пенал во 61 минута. Интересно, пет минути претходно неговиот соиграч Абуладзе не погоди од белата точка за уште порано да го изедначи резултатот.
Инаку поранешниот играч на Тиквеш го постигна третиот гол сезонава за Самтредија во деветтиот настап. Претходно им даде голови на Шукура и на Самгурали.