Фудбалерите на Баерн му гостуваат на Копенхаген во групната фаза на Лигата на шампионите. Капитенот Џошуа Кимих на прес конференцијата требаше да каже неколку зборови за ривалот, а потоа се избрука. Ги испомеша лончињата, што се вели. Зборуваше за противничкиот напаѓач Мохамед Елjунуси кого го познавал од Бундес лигата, но финтата е што споменатиот играч никогаш не играл во Германија.
„Го знаеме Мохамед Елjунуси од Бундес лигата. Тој е добар играч. Ќе одработиме и видео анализа на Копенхаген. Знаеме дека тие се добри на домашен терен, минатата сезона не изгубија ниту еден меч во ЛШ. Затоа мора добро да се спремиме“, изјави Кимих.
Елjунуси во кариерата играше за Сарпсборг, Молде, Базел, Саутемптон и Селтик, а ова лето дојде во Копенхаген.
Дома Меѓународен фудбал Лига на шампиони Капитенот на Баерн „трескаше“ глупости, не знаеше против кого игра