Дисциплинската комисија на ФС на Шпанија го суспендира Начо Фернандез со три натпревари неиграње поради црвениот картон за опасниот старт над Порту во мечот со Џирона. Комисијата соопшти дека тоа е реална казна за „опасна игра наштетувајќи му на противнички фудбалер“. Тоа значи дека дефанзивецот ќе го пропушти мечот со Барселона популарното „Ел Класико“ на 28 октомври, а плус ќе нема да биде достапен за натпреварите со Осасуна и Севиља.