Почина една од легендите на Манчестер Сити

161

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Френсис Ли, кој подоцна стана претседател на клубот, почина на 79-годишна возраст, соопштија од англискиот шампион . Ли имаше 330 настапи за „Граѓаните“ и 148 голови,а почина вчера во раните утрински часови по долга борба со ракот.

Френсис Ли се пресели во Манчестер Сити во 1967 година од Болтон. Веќе во првата сезона во клубот стана шампион на Англија, а во седум сезони со тимот на „небесно сините“ ги подигна и ФА Купот, Лига Купот и Купот на УЕФА. Подоцна поранешниот англиски репрезентативец го облече тимот на Дарби Каунти, со кој стана и шампион на Англија.

За репрезентацијата на Англија, Ли има 10 гола на 27 натпревари. Помеѓу 1994 и 1998 година, тој беше на чело на раководството на Сити.

ПретходноКвадрадо ќе биде на располагање за натпреварот против Бенфика
СледноВардар официјално се врати во базата во Хиподром