Синер го елиминира Алкараз, ќе игра во финалето во Пекинг

166

Младиот италијански тенисер Јан Синер се пласира во финалето на АТП 500 турнирот во Пекинг откако го совлада Карлос Алкарас со 7:6 и 6:1. Италијанецот по четврти пат во кариерата го совлада Шпанецот и сега на седум меѓусебни мечеви има позитивен скор (4:3).
Во финалето Синер ќе игра против Данил Медведев кој во другото полуфинале го совлада Александар Зверев со 6:4 и 6:3.
Финалето ќе се игра во среда (4.октомври) со почеток од 13:30 часот по македонско време.

 

ПретходноСер Џим Ретклиф е подготвен да ја промени својата понуда до Глејзер, но тоа нема да ги задоволи навивачите на Манчестер Јунајтед
СледноИзненадување во Купот – Кузмановски и Миркуловски со Вецлар го елиминираа Кил