Организаторите на Австралија опен одлучија да го продолжат времетраењето на првиот Грен слем во сезоната за еден ден.
Австралијците одлучија во иднина натпреварувањето наместо во понеделник да започнува во недела и со тоа да трае 15 дена.
„Ги послушавме мислењата на играчите и публиката и сме возбудени што дојдовме до решение кое ќе го намали бројот на многу доцни финиширања на натпреварите, притоа одржувајќи фер и рамномерен распоред на сите терени“, рече директорот на турнирот Крег Тајли.
Отвореното првенство на Австралија 2024 година ќе се одржи од 14 до 28 јануари, а титулата ќе ја бранат Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка.
Дневниот распоред на „Род Лејвер Арена“ и „Маргарет Корт“ ќе предвидува најмалку по два натпревари, наместо досегашните три, со што ќе се ограничи бројот на потенцијални доцни завршници.