ФК Вардар од денеска и официјално се враќа во својата тренинг база во Хиподром. „Црвено – црните“ прават кам бек во својот дом, кој што немаа право да го користат извесен период, пред се од неспортски причини, кои сега и не се толку важни.
Најважно е што четата на Александар Васоски сега ги иман најдобрите услови во Македонија да се подготвува за секој следен меч, кој што ќе биде судбоносен за ПМФЛ статусот на најтрофејниот клуб во Македонија сезонава.
Да, Вардар во моментов е последен, но го имал, го има и ќе го има, најдобриот тренинг камп некогаш изграден за еден фудбалски клуб.