Дарко Радуловиќ е именуван за нов тренер на КК Пелистер. Тој доаѓа на местото на Марјан Илиевски кој се повлече од функцијата, но ќе остане да работи во клубот во рамките на управата.
Илиевски бил принуден на ваков чекор поради здравствените проблеми. Тој беше предводник на новиот проект на Пелистер, а под негово водство екипата играше во финалето на плеј-офот во последните две сезони.