Ема Никочевиќ е првата македонска судијка со знакот на ФИБА!

192

 

Во „класата 2023“ на судискиот департмент на Светската кошаркарска федерација, се најдоа и имињата на двајца наши млади судии.

А на семинарот во Загреб, реализиран во текот на минатиот месец, македонската кошарка стана побогата за уште двајца судии со беџот на Светската кошаркарска федерација.

Она што го „градеа“ во текот на изминатите три години, Андреј Златевски и Ема Никочевиќ го претворија во она што е сон на многу млади луѓе кои се определиле судењето да им биде една од главните преокупации во животниот век.

Она што обично се нарекува и „момент за историја“, е и фактот дека во Ема Никочевиќ, Македонија го доби својот прв женски арбитар од највисокиот ранг – ФИБА.

Оваа млада 29.годишна, некогашка кошаркарка, сега исто така во сферата на спортот, покрај определбата да биде професионален физиотерапевт, стигна до една голема, огромна шанса, да и се придружи на највисоката судиска фела, во Европа, во светот.

„Почнав да судам уште во 2016 година, и тоа натпревари во училишните лиги, но и т.н. ‘мали лиги’ во Шведска. Во оној сениорски ранг на натпреварување ‘влегов’ во втората половина од натпреварувачката сезона 2018/2019. А веќе во наредната, почнав да судам натпревари кои се на она највисоко ниво. Минатата сезона имав приближно 25 натпревари кои се дел од втората и третата лига-мажи, но и дваесетина натпревари од женската прва лига, вклучувајќи го и женскиот Суперкуп, потоа мечевите од полуфиналето во женскиот сениорски сегмент “

Како би ги опишала свои силни страни како судија?

„Би рекла дека обично, кога раководам со натпреварот, имам добра комуникација со сите учесници, и тие имаат тенденција да бидат отворени, искрени и да ги третираат со почит. Ова ми помогна да поминам низ некои, како што знаеме да кажеме ние судиите, ‘тешки натпревари’, и изградив ниво на доверба меѓу играчите и тренерите. Добро се снаоѓам и во стресни ситуации, тоа не влијае на мојата способност да го направам, да ја донесам вистинската одлука. Во меѓувреме, работам на подобрување на моето позиционирање во работата со тројца судии, како и сигнализација, на минимизирање на непотребни разговори со играчите и тренерите за да можам да бидам стонастотно фокусирана на играта“

Кое е најдоброто искуство како судија во оваа, условно земено, прва фаза од кариерата?

„Едно од моите најдобри искуства досега дефинитивно е кога го судев натпреварот од женскиот Суперкуп на почетокот на сезона 2022/2023. Тоа беше неверојатна можност, нашата судиска екипа беше одлична, а коментарите потоа беа многу позитивни, што ми даде самодоверба да продолжам да инвестирам во себе и да работам повеќе“

Кое е твоето најлошо искуство како судија, и како се справи со тоа?

„Едно од моите најлоши искуства се случи во мојата прва година како судија. Ми недостигаше самодоверба во текот на натпреварот, и имав многу лоши одлуки. Освен тоа се борев со правилната употреба на сигнализацијата со рака. Се чувствував како сè што правам дека е погрешно. Благодарна сум за таа сезона бидејќи јас научив колку е тешко да се биде судија и дека морам да се искачам на ниво погоре за да продолжам да судам. Тоа целосно ја промени мојата перспектива, ме мотивираше да научам повеќе, да знам повеќе, да бидам повеќе наметлива во мојата цел – да станам добар судија“.

Сега, откако стана судија на ФИБА, која е твојата цел во судењето?

„Мојата цел е да стекнам меѓународно судиско искуство. Да судам и да учам од најдобрите ФИБА судии, пред се, за да можам да станам подобар судија. Со нетрпение очекувам да запознаам нови луѓе, да ги проширам моите хоризонти и стекнување кошаркарски пријатели од целиот свет. Исто така, сакам да поттикнам повеќе женски колеги во обидите да станат судии и комесари на ФИБА во мојата земја.Очекувам да изградиме добра врска и честа комуникација со судискиот сектор на ФИБА, да имаме вебинари или други форми на настава во текот на целата сезона“– вели Никочевиќ по реализацијата на својата долго замислена цел – да биде првиот женски судија во нашата земја со знакот на Светската кошаркарска федерација.

ПретходноЗлатан: Кој мисли дека головите се поубави од се*сот тој има проблеми в кревет, за инает на Пеп купив Ферари…
СледноСкандал: “Перез подмитуваше судии уште пред Барса тоа да го прави, но тој е недопирлив“….Реал возврати со тужба!