Изненадување во Купот – Кузмановски и Миркуловски со Вецлар го елиминираа Кил

194

Вецлар направи изненадување на стартот на новата сезона во Купот на Германија. Тимот за кој настапува Филип Кузмановски, а помошен тренер е Филип Миркуловски славеше над големиот фаворит Кил на гостински терен со 31:32.
Кузмановски и соиграчите имаа предност на полувреме од 17:19, а во последните пет минути се влезе со егал 30:30. Вецлар набрзина даде два гола и победе со 30:32, а домашните преку Дувњак намалија но не го искористија последниот напад да го изедначат резултатот.
Кузмановски не се запиша во листата на стрелци на овој меч.

ПретходноСинер го елиминира Алкараз, ќе игра во финалето во Пекинг
СледноНачо суспендиран на три меча, го пропушта и „Ел Класико“