Тренерот на Интер, Симоне Инзаги потврди дека Хуан Квадрадо е подготвен за денешниот меч од Лигата на Шампионите против Бенфика. Квадрадо пристигна летово во Милано но е повреден и не играше во изминатото коло против Реал Сосиедад.
“Тој тренираше денес. Неговите проблеми со тендинитис се минато и тој тренира индивидуално во последните денови. Мислам дека е во добра форма и ќе биде вклучен во тимот за натпреварот”, изјави Инзаги за Колумбиецот.
Минатата сезона Интер и Бенфика играа во четврт-финалето на Лигата на Шампионите, а италијанскиот претставник победи со вкупни 5:3. Средбата на „Џузепе Меаца“ заврши во 3:3.
„Бенфика е одличен тим. Имаат нов голман, а исто така вратија играч како Анхел Ди Марија. Мислам дека сега се подобар тим, но принципите на нивната игра остануваат исти. Знаеме дека ни претстои многу тежок натпревар“, објасни Инзаги.