Легендарен фудбалер на Партизан преживеал мозочен удар!

507

Џевад Прекази, легендарниот фудбалер на Партизан и некогашен член на репрезентацијата на екс – СФРЈ, преживеал мозочен удар. Како што јавуваат српските медиуми, состојбата на Прекази е стабилна и моментално се наоѓа во болница.

Инаку Џевад Прекази за Партизан одигра 153 мечаи постигна 19 голови, играше и за Хајдук од Сплит, а беше шест години и член на Галатасарај од Истанбул.

Тој пред крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите години од минатиот век важеше за еден од најдобрите крилни напаѓачи во некогашна Југославија.

ПретходноБрера Струмица доби нов брендиран автобус!
СледноБесмир Бојку пред утрешното дерби со Шкендија: Струга ТЛ има намера да одигра квалитетен меч, се надеваме на бодови!