ЛШ: Реал го освои Неапол, Галата го посрами Манчестер Ј., Ленс го „урна“ Арсенал (ВИДЕО)

239

Два англиски премиерлигаши вечерва беа поразени во мечевите од 2. коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Вистински шок на „Олд Трафорд“ приредија фудбалерите на Манчестер Ј. кои продолжуваат со очајната серија натпревари од почетокот на сезоната и денеска загубија од Галатасарај со 3:2 со што веќе нанижаа два порази во првите два меча во групата.

Избраниците на Тен Хаг водеа со голот на Хојлунд од 17. минута, но брзо гостите од Истанбул се вратија со гол на Заха во 23. минута за 1:1. Хојлунд со втор гол во 67. минута ги донесе домашните повторно во водство (2:1), но Актиркоглу само 4 минути подоцна повторно израмни за 2:2.

Каземиро доби црвен картон, а Икарди најпрво промаши пенал, но потоа во 81. минута се поправи од игра и донесе сензационална победа за Турците.

Реал (М) во исклучително вобудлив меч славеше на гости во Италија кај Наполи. Овде домашните преку Остигард поведоа во 19. минута, па Винисиус израмни во 27. минута. Следуваше гол на Белингем за 1:2 во 34. минута, по што Наполи на стартот на второто полувреме од пенал преку Желински израмни на 2:2. Одлуката за победата на „кралевите“ падна во 78. минута кога Валверде распали од далечина, а со помош на голманот Мерет топката заврши во голот за конечни 2:3.

Ленс вечерва го изненади Арсенал совладувајќи го со 2:1, додека Интер со 1:0 со голот на Турам славеше против Бенфика. Победа и за Баерн (М) и тоа со пресврт за 2:1 во Данска против ФК Копенхаген. ПСВ и Севиља одиграа без победник 2:2.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

2. КОЛО

ГРУПА „А“

ФК Копенхаген – Баерн (М) 1:2

Манчестер Ј. – Галатасарај 2:3

ГРУПА „Б“

Ленс – Арсенал 2:1

ПСВ – Севилја 2:2

ГРУПА „Ц“

Унион Берлин – Брага 2:3

Наполи – Реал (М) 2:3

ГРУПА „Д“

Салцбург – Реал Сосиедад 0:2

Интер – Бенфика 1:0

ПретходноДарко Радуловиќ на местото на Марјан Илиевски на кормилото на Пелистер
СледноАрапите го одложија италијанскиот Суперкуп, се чека нов термин