Кевин Принс Боатенг откри дека кога потпишал за Барселона немал избор освен да лаже за да може да игра. Фудбалерот кој ги закачи копачките ова лето во кариерата играше за неколку клубови, меѓу нив и за Барселона.
„Кога дојдов во Барселона веднаш ме прашаа кој е најдобриот фудбалер на светот. Морав да кажам Лео Меси. А излажав. Тоа е најголемата лага што сум ја кажал во животот. “, изјави Боатенг.
А исто така ја наведе и причината за да излаже.
„Обично ја кажувам вистината, но сега излажав затоа што само така ќе можев да заиграм за Барселона. Им се извинувам на фановите на Барселона, но јас уште како дете го поддржувам Реал Мадрид. Го сакам Кристијано Роналдо. Морав да кажам дека Меси е најдобриот инаку немаше да играм“.
За дружбата со Меси на теренот и надвор од него…
„Меси беше капитен, но не зборувавме многу во соблекувалната. Само еднаш се сретнавме пред да се тушираме и ме праша дали е тешко да се постигнуваат голови во Италија бидејќи Роналдо беше таму во тоа време. Го покажа ривалството кое го има со Португалецот“.