Еден од двајцата главни кандидати за купување на Манчестер Јунајтед, британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф е подготвен да ја промени својата стратегија откако досега не успеа да го убеди семејството Глејзер да го купи мнозинскиот пакет акции. Според „Би-Би-Си“, бизнисменот е подготвен да даде понуда за малцински удел.
Ова сигурно нема да им одговара на навивачите на Манчестер Јунајтед бидејќи ќе значи дека Аврам и Џоел Глејзер ќе продолжат да раководат со клубот. Сепак, Ректлиф верува дека тоа долгорочно ќе го доближи до стекнување на целиот клуб.
„Скај Спортс“ открива дека Ретклиф ќе се обиде да купи околу 25% од Манчестер Јунајтед, за што ќе понуди милијарда и пол фунти.
Глејзерси го купија клубот во 2005 година за 800 милиони фунти.