Невиден скандал, се разбира ако е тоа вистина.Имено експедицијата на Динамо по враќањето од Атина во Загреб, по неодиграниот меч со АЕК по убиството на Михалис Кацурис, “шверцувала“ во авионот еден хулиган, припадник на БББ.
Наводно станува збор за Дино Кордиќ, син на Жељко Кордиќ, еден од членовите на Собранието на НК Динамо. Тој после убиството се криел по улиците на Атина, а на потоа двајца вработени во НК Динамо го собрале и го пикнале во авионот за Загреб.
Навистина ако ова се случило тогаш Динамо Загреб од УЕФА може да очекува жестока казна.