Тренерот на Лајпциг: Освен добра игра потребна е и среќа против Манчестер Сити

73

Тренерот на РБ Лајпциг, Марко Розе верува во шансите на својот тим против бранителот на европскиот трофеј Манчестер Сити пред меѓусебниот дуел во ЛШ во среда на „Ред Бул Арена“. Германскиот клуб преживеа кошмар во последниот меѓусебен меч кога загуби со 0:7 на гостински терен во реванш осминафиналето минатата сезона. Тогаш Германците одиграа 1:1 дома, а потоа доживеа „бродолом“ во Манчестер.
Резултатот 0:7 е веќе стара вест“, изјави Розе.

Знаеме дека минатата сезона настапивме силно на домашен терен, па дури и успеавме да израмниме на 1:1. Сега знаеме што да очекуваме. Потребен ви е добар настап, но и среќа за да победите тимови како Сити. Веруваме дека имаме сила да дојдеме до успехот. Имаме одлична можност да се тестираме против ваков првокласен противник“, вели германскиот стручњак.

Летото Лајпциг го продаде Јошко Гвардиол на Манчестер Сити, кој брзо се наметна во англискиот тим.
Не е изненадување што Јошко немаше никакви проблеми во раните денови во Сити. Тој е елегантен фудбалер, но и приземен како личност која брзо учи“, додаде Розе.

ПретходноФеникс 2010 поразен со 47 разлика на стартот на ФИБА Еврокупот
СледноШејн Ларкин најплатен кошаркар во Евролигата