Феникс денеска ја почнува својата европска авантура, во своето деби ќе ги одмери силите со Керавнос, кој е домаќин на квалификацискиот турнир за место во ФИБА Еврокупот. Покра Керавнос и Феникс, и германскиот Рошток е дел од групата „Е“. Македонскиот тим ќе се обиде да направи сензација и да обезбеди место во главната натпреварувачка фаза во ФИБА Еврокупот. Денеска нов меч ќе игра и Работнички. По убедливиот пораз од Рапид, избраниците на Димитар Мираковски шанса за поправен ќе имаат против Сабах, кој предводен од Боби Митев тргна со триумф на квалификацискиот турнир во Скопје.
ГРУПА А 3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 17.30: Рапид – Донар 20.30: Сабах – Работнички
ГРУПА Е 3.ОКТОМВРИ (ВТОРНИК) 18.00: Керавнос – Феникс 2010 Рошток – слободен