Хрватите за 8 минути го распродадоа целиот стадион за мечот со Турција

225

Фудбалскиот сојуз на Хрватска соопшти дека стадионот во Осиjек за натпреварот со Турција е распродаден за осум минути.

„Коцкестите“ ќе ја пречекаат Турција во рамките на квалификациите за ЕП на 12 октомври. Двете селекции се израмнети на првото место во групата „Д“ со по 10 бодови, три повеќе од Ерменија и Велс.

Според информациите пласирани во јавноста, во периодот од 15:28 до 15:36 часот биле продадени сите 13.000 билети.

Пет отсто од капацитетот на стадионот е резервиран за гостински навивачи од Турција.

ПретходноЛШ: Брага приреди пресврт за паметење во Берлин, Сосиедад славеше во Салцбург (ВИДЕО)
СледноАвстралија Опен од следната година ќе трае еден ден подолго