Јокиќ се врати во САД и на првиот прес веднаш предизвика смеа (ВИДЕО)

528

НБА сезоната е на својот почеток, односно означен е стартот на подготовките. Еден од главните актери на целиот „ НБА циркус“, Никола Јокиќ се појави на првата официјална прес конференција и нормално целиот аудиториум е свртен кон него. Од проста причина што Јокиќ беше на одмор во својата Србија, и е реално тотално недостапен за Американската јавност и тој дел од светот, па при првиот контакт со него, новинарите имаа еден куп прашања за него.
Секако, првото кое што беше поставено е како го минал летото, и дали воопшто имал допир со топка во меѓувреме.

„Неколку пати“ – изјави дипломатски Јокиќ, на што неговиот соиграч Џамал Мареј, кој исто така беше дел од прес конференцијата направи смешна гримаса и шепна во микрофонот.. „не… фатил топка“….

Секако, целата сала се насмеа што е и за очекување, со оглед на екстремно големиот напор кој го имаат НБА кошаркарите, и нормално е дел од летниот период буквално да се одморат од кошарка.

 

ПретходноНови правила пред стартот на Евролигата
СледноСрбија го привлече „Швајцарецот“ Стевановиќ