Квадрадо ќе биде на располагање за натпреварот против Бенфика

109

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги потврди дека Хуан Квадрадо е подготвен за денешниот меч од Лигата на Шампионите против Бенфика. Квадрадо пристигна летово во Милано но е повреден и не играше во изминатото коло против Реал Сосиедад.

“Тој тренираше денес. Неговите проблеми со тендинитис се минато и тој тренира индивидуално во последните денови. Мислам дека е во добра форма и ќе биде вклучен во тимот за натпреварот”, изјави Инзаги за Колумбиецот. 

Минатата сезона Интер и Бенфика играа во четврт-финалето на Лигата на Шампионите, а италијанскиот претставник победи со вкупни 5:3. Средбата на „Џузепе Меаца“ заврши во 3:3.

„Бенфика е одличен тим. Имаат нов голман, а исто така вратија играч како Анхел Ди Марија. Мислам дека сега се подобар тим, но принципите на нивната игра остануваат исти. Знаеме дека ни претстои многу тежок натпревар“, објасни Инзаги. 

ПретходноЏими Батлер со фризура како „тетка на свадба“ (ВИДЕО)
СледноПочина една од легендите на Манчестер Сити