Од водство до 2:0 до пораз од 2:3. Фудбалерите на Унион Берлин беа на чекор до испишување уште една страница од својата клупска историја во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите, но доволија да загубат добиен натпревар пред фантастичната атмосфера на трибините на Олимпискиот стадион во Берлин во дуечлот со португалска Брага.
Унион беше на прагот да го освои и историскиот бод во Лигата на шампионите откако имаше 2:2 во последната минута од мечот, но гостите се потрудија да направат целосен пресврт и со голот на Кастро во 94. минута, иако беа со играч помалку, на крајот успеаја да слават.
Офанзивната игра на домашните беше најавена со голот на Госенс во четвртата минута, кој сепак беше поништен, а домашните потоа погодија уште двапати во период од само седум минути. Бекер во 30 и 37. Минута со два гола најави голема радост на трибините, но до олувреме гостите успеаја да намалат со голот на Ниакате.
Почетокот на вториот дел го одбележа израмнувачкиот гол на Брага преку Брума во 51. минута со кој успеаја да го израмнат резултатот, а прекрасен пресврт се случи во последните минути од натпреварот.
Во групата Д, Реал Сосиедад беше сигурен на гости во Австрија и ги совлада „биковите“ од Салцбург со 2:0. Прашањето за победникот практично беше решено по нешто помалку од половина час игра, бидејќи гостите од Баскија ги постигнаа двата гола во првото полувреме преку Ојарзабал и Мендез.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА „Ц“
Унион Берлин – Брага 2:3
Наполи – Реал (М)
ГРУПА „Д“
Салцбург – Реал Сосиедад 0:2
Интер Бенфика