Нов пех за Челзи: Останаа без Чилвел најмалку два месеци

98

Првотимецот на Челзи, Бен Чилвел ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда, пренесуваат англиските изданија.

Според информациите, фудбалерот на „сините“ заработил повреда на задната ложа во фиишот од мечот со Брајтон во англискиот Лига куп (1:0).

Чилвел поради повредата може да пропушти подолг период, ако датумот на неговото враќање на теренот зависи од тоа како ќе течат почетните фази на рехабилитација. Тој оваа сезона одигра 6 натпревари во Премиерлигата за својот тим.

ПретходноАвстралија Опен од следната година ќе трае еден ден подолго
СледноМитев и Сабах во вториот дел го „скршија“ Работнички (ФОТО)